Има ли нешто посрамно од тоа да се испушти „гулабот“ пред други луѓе? Колку и да се стискаме, колку и да е гласен или тивок сепак може да биде „фатален“. На сите им се има случено некоја непријатна ситуација од ваков вид. Но, дали некој од вас успеал да прекине дебата со својот прдеж?

Па на некој од Кенија очигледно му успеал овој потег. Прилично вжештена дебата за пазарните тезги во кениското регионално собрание била прекината поради „гадна смрдеа“. Веднаш следела „игра“ за префрлање на вината.

Џулиус Гаја станал и пред сите во собранието рекол: „Почитуван спикеру еден од нас го загади воздухот и знам кој е.“

Членот кој бил обвинет за „гулабот“ се бранел: „Јас не сум тој. Не можам да направам такво нешто пред моите колеги.“

Претседателот на собранието, Едвин Какач им рекол на присутните да излезат на пауза додека да се проветри просторијата. Тој исто така го замолил персоналот да донесат освежувачи за воздух. „Донесете било каков мирис кој ќе го најдете во канцелариите, ванила или јагода.“, рекол тој.

Смрдеата на крајот исчезнала по што дебатата продолжила. Но мистеријата останува. Кој бил фантомскиот „прдач“? Кој и да е најверојатно чувствува срам и гордост што неговиот прдеж предизвикал ваков хаос.

Сподели на Facebook
пати видено