Европската Унија минатиот вторник соопшти дека ја разгледува идејата сите 18-годишници во Европа да добијат ИнтерРејл билет за да можат месец дена бесплатно да патуваат низ континентот и подобро да го запознаат.

„Комисијата цврсто ја поддржува идејата дека тоа прашање треба да се разгледа“, изјавила Словенката Виолета Булц, еврокомесар за транспорт, додавајќи дека таквата идеја би им дала поттик на младите да ги користат превозните средства со низок степен на испуштање штетни гасови. Интеррејл билетот чини меѓу 20 и 400 евра, во зависност од тоа колку трае патувањето и кои земји се покриени со него. Булц вели дека многу прашања се сѐ уште отворени кога станува збор за спроведувањето на поделбата на беспланите билети и договорот со различните железнички компании.

Railroad travel

„Околу 300 000 млади секоја година користат ИнтерРејл билети за да би можеле да патуваат низ Европа“, вели Булц.

Основан во 1972 година, ИнтерРејл билетот првично бил наменет за младите, но денес до него можат да дојдат сите возрасни групи. Претставниците на левицата веќе го изнесоа предлогот за подарување на тие билети на младите, а германскиот конзервативец Манфред Вебер неодамна го повтори тој предлог.

„Европа не е само технократска политика“, изјавил тој. „Таа е поврзување на луѓето. Мораме да направиме младите пак да станат ентузијасти кога се работи за Европа.“

Сподели на Facebook
пати видено