Античкото царство Аксум , сега дел од Етиопија, било едно од првите нации во светот кои го прифатиле Христијанството. Религијата заземала цврста основа во 330 година кога кралот Езана Велики го прогласил за државна религија и наредил изградба на импозантна базилика на Св. Марија. Според легендата Менелик, синот на цар Соломон и кралицата Шеба, таму го донел ковчегот на заветот кој ги содржи Десетте заповеди.

До петтиот век, девет светици од Сирија, Константинопол и други места почнале да ја шират верата далеку од караванските патишта и длабоко во планинските предели.

Овие мисионери одиграле клучна улога во првичниот пораст на христијанството во Етиопија. Монасите ја превеле Библијата и другите верски текстови од грчки јазик во Етиопија, овозможувајќи му на локалното население кое не можело да чита грчки јазик да дознае за христијанството.

Мистичните аспекти на религијата наишле на љубопитност меѓу младите. Додека растело христијанството, биле изградени серија спектакуларни цркви и манастири на високи планини или изрезбани од цврста карпа, од кои многу се уште се користат денес.

Овие древни цркви често биле градени на невозможни локации. Добар пример е Абуна Јемата Гух, во северна Етиопија. Оваа црква од 5-тиот век се наоѓа на 200 метри од земјата, на лицето на вертикална шпиц на карпа.

За да се дојде до оваа црква, верниците мора да се качуваат без јажиња или друга безбедноста направа, да одат по тесни патчиња од по неколку сантиметри и да поминат преку стар импровизиран мост. Последниот дел од патувањето вклучува качување по прав ѕид од 6 метри. Црквата е основана од Абуна Јемата, еден од деветте светци, кој го избрал осаменото место како негова испосница.

Манастирот прикажан на фотографијата подолу е од 6 век се наоѓа на врвот на планината наречена Дебре Дамо. Единствениот пат до манастирот е чиста височина од 50 метри. Манастирот го основал Аба Арагави, еден од „Деветте светци“, познат по својата збирка ракописи и најраната постоечка црква во Етиопија.

Црквата Петрос и Паулос (на фотографијата подолу) е лоцирана, како и многу други, во областа Gheralta. Патот до црквата првично вклучувал качување по стрмна карпа само со помош на рацете и нозете.  Денес се поставени скапани дрвени скали.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено