Ескалаторот во метро станица во Рим излезе надвор од контрола, со што десетици луѓе завршија едни врз други со голема брзина.
Станицата бил полна со навивачи на ЦСКА Москва, додека тие се упатувале кон Стадион Олимпико за натпреварот на рускиот тим против Рома.
Извештаите од локалните медиуми велат дека ескалаторот „полудел“ откако руските навивачи „пееле и скокале“ на него, предизвикувајќи негово откажување.
Најмалку 20 луѓе биле повредени во инцидентот, од кои на еден навивач ногата му била делумно исечена и седум други се сериозно повредени.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!