Мажите од племето Боди се натпреваруваат во тоа кој ќе се здебели повеќе во период од 6 месеци, криејќи се во своите колиби и пиејќи само кравја крв и млеко. Натпреварот завршува со новогодишната церемонија Каел. Победник е најдебелиот и се смета за доживотен херој во племето.

  

Кандидатите се млади ергени и секое семејство има право на еден учесник. За време на натпреварот тие не смеат да имаат сексуални односи. Тие само седат во своите колиби, а жените и девојките им ностат млеко и крв секое утро во садови направени од бамбус. Наградата не е од материјален карактер, напротив тие добиваат поголема почит и восхит од племето. Најинтересно е што на тој начин тие стануваат попривлечни за женскиот пол.

Крвта ја добиваат, прободувајќи го животното. Потоа прават мешавина од крв и млеко, која треба да ја испијат пред зајдисонце. Некои не ја поднесуваат таа течност, па се откажуваат од натпреварот.

 

Сподели на Facebook
пати видено