Можеби овие теории на заговор во врска со еболата ви се чинат малку забегани, но верувајте има голем број луѓе кои веруваат во некоја од нив. Некои велат дека опасната болест е средство за контрола на населеноста, биолошко оружје за масовно уништување или дека болеста всушност воопшто и не постои. Запознајте се со некои од најраспространетите теории на заговор во врска со еболата и повелете на коментари.

1. Епидемијата на ебола се употребува како средство за контрола на населеноста.

eb01

2. Еболата се користи за да се одвлече вниманието од извештаите за поврзаноста на детските вакцини со аутизмот.

eb02

3. Некои луѓе, особено  од западна Африка, епидемијата на ебола ја припишуваат на вештерство.

eb03

4. Иако групите како Доктори без граници ги ризикуваат нивните животи за да го дадат најдоброто од себе во борбата со подмолната болест, некои веруваат дека докторите всушност го шират вирусот.

eb04

5. Според една теорија, зла змија проколнала некој во Гвинеа, кој потоа заразил луѓе во Сиера Леоне итн. итн.

eb05

6. Најпопуларна е теоријата на заговор според која еболата се користи за да се намали бројот на светското население до број кој е полесен за управување од страна на Новиот светски поредок, тоталитаристичка светска влада управувана од „елитата“.

eb06

7. Еболата е биолошко оружје за масивно уништување.

eb07

8. Некои верски лидери како католичкиот надбискуп Луис Џ. Зиглер и бискупот Џонатан Б.Б.Харт сметаат дека еболата е доказ дека Бог ѝ е лут на Либерија и остатокот од светот.

eb08

9. Во Нигерија се шират гласини дека солената морска вода, која всушност би дехидрирала и убила секој кој би се напил од неа, е лек за еболата.

eb09

10. Не постои ебола, но Центарот за контрола и спречување на зарази во САД вели дека има поради профит од различните лекови и вакцини.

eb10

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено