Бездомна мајка и нејзините четири деца конечно добија место кое можат да го наречат свој дом. 29-годишната Ламанда Браун и нејзините деца го добиле изненадувањето на нивниот живот кога нивниот нов дом во Детроит, Мичиген, бил целосно уреден од страна на непрофитната организација Хамбл Дизајн. Трогателниот миг кога Ламанда и нејзините деца, кои се на возраст од две, пет, седум и единаесет години, за првпат влегуваат во нивниот нов дом бил снимен на видео.

dm01 dm02

Низ нејзиното лице се тркалаат солзи кога ќе мине преку куќнио праг и ќе ја здогледа Божиќната елка во дневната соба, со завиткани подароци под неа. Ламанда и нејзините деца биле бездомни три години пред конечно да добијат сместување во јавна зграда. Но, Ламанда не можела да си дозволи никаков мебел освен еден душек и неколку ќебиња. И тогаш Хамбл Дизајн ги презеле нештата во свои раце, буквално.

Оваа непрофитна организација уредува до три дома неделно за семејства кои не можат да си го дозволат тоа. Тие претходно се состануваат со семејствата за да дискутираат за мебелот и играчките за кои тие сонуваат да ги имаат во својот нов дом – и потоа се обидуваат да им ги остварат тие нивни соништа. На овој начин тие им помагаат на луѓето што направат што посреќен и поубав нов почеток во нивниот живот.

dm04

Сподели на Facebook
пати видено