Како и милиони други Аргентици, така и легендарниот Диего Марадона, беше разочаран од играта на неговата репрезентација на натпреварот против Хрватска. Легендарниот 57-годишeн фудбалер на трибините го покажа целиот свој спектар на емоции и постојано се фаќаше за глава кога аргентинските играчи ќе правеа една грешка по друга, што на крајот доведе до пораз од дури 3:0.