Човекот наречен „Лото простакот“ ги предупредува британските добитници-рекордери во игрите на среќа да се иселат од Британија, или да ризикуваат нивните ново богатство од триесет и три милиони фунти да им ги уништи животите. Минатата недела Дејвид и Керол Мартин си јаделе сланина и црн пудинг на нивниот балкон, кога откриле дека освоиле половина од главната награда во износ од шеесет и шест милиони фунти – катапултирајќи ги на врвот на листата на лото богаташите. Но, на сопружниците, коишто живеат во Хевик, Шкотска, им било кажано дека треба да се иселат и да ѝ се придружат на нивната сакана дваесет и шестгодишна ќерка Лиса, којашто живее во Мелбурн, Австралија, или да се соочат со закани по нивниот живот и потенцијални киднапирања.

db01 db02

Морничавото предупредување дошло во „Сандеј Мирор“, од страна на Мајкл Карол, кој во 2002 година освоил 9.7 милиони фунти на националната лотарија. Неговото бурно патешествие од партали до луксуз и назад се состоело со трошење пари на брзи коли, огромни количества дрога и алкохол, па дури и два пати завршил во затвор. Во неговата изјава за весникот, Карол ги советува г-н и г-ѓа Марти да се иселат од земјата, инаку „нема да можат да водат нормален живот доколку останат во Шкотска“.

db04db05

„Толкави пари, колку што освои брачната двојка, се пари за киднапирање“, вели тој. „Јас добив само девет милиони фунти. Тие имаат три пати повеќе од мене, а навистина има луѓе кои што во тоа ќе видат начин како да заработат пари. Со мене нештата веднаш тргнаа на лошо. Својата прва смртна закана ја добив следниот ден откако ја добив наградата и оттогаш добив илјадници други“.

db03

Карол додава дека Мартинови, коишто и двајцата се на возраст од педесет и четири години, ќе се соочат со стотици барања од роднини, пријатели, па дури и непознати луѓе кои во нивната добивка ќе видат шанса и тие малку да се опарат. Така го учи искуството, бидејќи веднаш по добивката од 9.7 милиони фунти, тој тргнал да го троши богатството. На своето семејство и пријателите им дал четири милиони фунти, купил палата во Свафхам, Норфолк, и потоа почнал да се луксузира со брзи автомобили и оддавајќи се на кокаин, алкохол, коцкање и проститутки, пиејќи по две шишиња водка дневно, а во два наврати добил и затворска казна поради нарушување на јавниот ред и мир и малтретирање на соседите.

До февруари 2010 година успеал да банкротира, и повторно се пријавил во бирото за невработени. Карол, поранешниот ѓубреџија-милионер, сега заработува 400 фунти работејќи во кланица и живее во скромен изнајмен стан, но инсистира дека не жали за тоа како ги потрошил милионите.

  db06

Сподели на Facebook
пати видено