Припадник на британската елитна единица САС убил борец на ИД со секира за време на ослободувањето на млади девојки кои биле држени во заробеништво како секс робинки. Херојот од специјалната единица го усмртил терористот со еден удар со секира во главата. Мисијата била британско-американска акција во Сирија за ослободување на девојки кои биле држени како заложнички од страна на ИД и присилувани да се мажат за нивните борци. Тие кои одбивале да се потчинат биле силувани, фрлани во киселина и распнувани на крст.
Се верува дека глетката на измачените девојки била толку брутална што борците на САС се расплакале. Еден поручник, кој е ветеран од Ирак, бил нападнат од страна на двајца борци на ИД. Тој успеал да застрела еден од нив, но морал да се послужи со својата секира бидејќи му заглавила пушката и не можел да го застрела и вториот. Се известува дека по ослободувањето девојките и нивните семејства се преместени на безбедно место.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!