Голем гранитен саркофаг стар 2.000 беше пронајден во Александрија на почетокот на овој месец. По неговото отварање почнаа да кружат разни шпекулации за течноста која била пронајдена внатре во саркофагот.
Така започна „војната“ помеѓу верниците и здравиот разум на археолозите.
Мистериозниот саркофаг, долг 3 метри и висок 2 метри, бил пронајден закопан пет метри под земјата во градот. Египтолозите го отвориле саркофагот од 30 тони и пронашле 3 распаднати тела во него.
Дури била покрената и петиција, која успеала да собере илјадници потписи, со цел да им се дозволи на луѓето да пијат од црвената течност, за која сметаат дека е еликсир на животот. Сепак, Египетското Министерство за антиквитети вели дека течноста не е ниту „сок за мумии што го содржи еликсирот на животот“, ниту е „црвена жива“, туку е само „вода од канализација“.
Исто така, велат дека откритието не му припаѓа на ниеден антички владетели, а остатоците се подложени на реставрации за да се открие повеќе. Петицијата започнала минатата недела и сега има над 11.000 потписи. Некои сугерираат дека му припаѓа на Александар Македонски. Други предупредувале дека ќе се „ослободи клетва“ по неговото отварање. Овие извештаи беа отфрлени од страна на министерството.
Ниту една од трите мумии не припаѓа на птоломејско или римско кралско семејство, како што претходно било сугерирано. Овој заклучок се заснова на тоа што немало никакви натписи на саркофагот, ниту пак биле напишани имињата на починатите.
Недостатокот на сребрени или златни метални маски, статуи, амајлии или натписи, исто така, сугерира дека тие не биле со висок статус. Трите мумии ќе бидат преместени во Националниот музеј Александрија, додека ковчегот ќе биде префрлен во воен музеј.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.