Пејачката Елена Андоновска го промовираше својот нов музички проект насловен „Кој што ме чуе да пеам“.

Албумот содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од познатите македонски доајени: Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски.

Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски давајки им еден современ и урбан звук но сепак со задржан автентичен македонски мелос. Во албумот учествуваат реномирани музичари од кои голем дел се членови на групата „Седенка“. Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“ во музичка продукција на Ангел Ќосев. За омотот се погрижија Костадин Калошев – фотографија и Никола Николовски – графички дизајн.

Елена неодамна го промовираше видео записот за песната „Босо моме“ која е дел од овој музички проект, а се снимаше во Лазарополе во соработка со Арт продукција. За прекрасниот изглед на Елена се погрижија IvaSmakeup, како и нејзините долгогодишни подржувачи beautybar.mk.

Сподели на Facebook
пати видено