Како да не е доволно тоа што електричната јагула може да ве здрма додека сте во вода, научниците сега утврдиле дека оваа уникатна риба може да скокне од водата и да ве нападне. Истражувањето како да ја поткрекпува познатата случка со Александар вон Хамболт, истражувач од 19-тиот век, кој известил дека електрични јагули скокнале од Амазонската река и ги нападнале коњите на експедицијата.
Кенет Катаниа, биолог од Вандербилтскиот универзитет, првично бил скептичен за приказната, бидејќи не бил забележан сличен инцидент во следните 200 години. Но, набргу го променил своето мислење кога го спровел експериментот, употребувајќи лажни екстремитети опремени со електрични диоди кои го покажуваат степенот на зголемувањето на напонот кога јагулата ќе излезе од водата за да нападне.
„Ова на јагулата ѝ овозможува да примени максимален електричен шок кога нешто ќе ја загрози нејзината територија“, вели тој.