Колумбискиот нарко бос во понеделник бил осуден на триесет и пет години затвор поради вмешаност во мултимилионска шема за производство на тони кокаин кој потоа се распространувал низ целиот свет. Даниел Барера Барера, исто така познат и како „Ел Локо“, т.е. „Лудакот“ бил осуден од страна на американскиот судија Грегори Вудс во Менхетен, откако се изјаснил за виновен по основа на разни обвиненија поврзани со наркотици, како и за учество во перење пари.

br01

Вудс, кој покрај изречената затворска казна, му изрекол и парична казна во износ од 10 милиони долари, за Колумбиецот рекол дека „умен, а можеби и надарен човек“ кој од обичен работник на фарма се претворил во шеф на насилна организација за тговија со дрога.

„Едноставно кажано, степенот на прекршувањето на законот овде е запрепастувачки“, изјавил Вудс.

Барера кажал дека сака да има прилика еден ден да излезе од затвор и да си ги види своите внуци.

„Барам прошка од моето семејство за сето страдање кое им го причинив“, вели тој.

br04

Според властите, 48-годишниот Барера бил еден од најголемите распространувачи на наркотици во последните две децении, пред во 2012 година да биде уапсен во Венецуела. Била собрана вистинска ризница докази против нарко-босот кој имал направено повеќе пластични операции и се обидел да си ги изгори отпечатоците на прстите за да си го скрие својот идентитет. Меѓу доказите спаѓаат и фотографии и други документи во врска со пратки кокаин кои биле запленети на бреговите на Венецуела и Флорида. Од 1998 до 2010 година, Барера имал синдикат за производство и распространување на кокаин кој произведувал приближно 5000 килограми кокаин месечно, а вкупно биле произведени над 720 тони на оваа тешка дрога. Барера купувал сирова кокаинска паста од левоориентираната бунтовничка група ФАРК, која потоа ја процесирал бо лаборатории на територии контролирани од сега демобилизираната паравоена групировка. Нарко имепријата заработила милиони долари, пари кои Барера потоа ги ипрал, заштитувајќи се со голем број вооружени чувари, кои исто така биле задолжувани и да убиваат луѓе кои му должеле пари или претставувале некаква закана за него.

br03 br02

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено