Хоакин Ел Чапо Гузман е меѓу скандалозните личности кои изразија критики кон новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Мексиканскиот наркодилер му ветил на Трамп дека неговиот познат ѕид нема биде никаков проблем. Откако го опиша Трамп како „кандидат на омраза, конфронтазија, расизам, следење и омраза кон жените“, Ел Чапо ги уверува Мексиканците дека не треба да се тревожат за скандалозното предизборно ветување на новиот американски претседател дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико.4
„Ѕидот не е проблем. Јас ќе го соборам, ќе го прескокнам или ќе ископам тунел под него“, пишува Ел Чапо на Твитер. Тој во овој миг се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, борејќи се против екстрадикција во САД. И покрај тоа, Ел Чапо сепак наоѓа време да објвавува пораки на Твитер во кои се залага за тоа Трамп да не влезе во Белата Куќа.