Ана Мо, која во интернет заедницата е позната по своите крупни плетки е повторно актуелна со нови дела: крупно исплетени кревети за миленичиња! Мачешкиот модел се продава за 81 долар, додека моделот за кучиња оди по цена од 70 долари; и двата се направени од 23 микронска мерино волна и се испорачуваат од Украина.
Овие симпатични но функционални легла се плод на страста на Мо да изработува рачно изработени производи. Откако нејзината поранешна кариера како дигитален дизајнер ѝ се видела премногу апстрактна, Мо ја отворила својата продавница на Etsy, наречена „Охајо“ како експеримент со само неколку предмети. „Среќна сум што го направив тој експеримент.“ вели таа.