Заврши сезоната на матури во целиот свет, па убаво е во една тема да ги сумираме оние кои најмногу „се покажаа“.
Секој матурант сака да се покаже во што поубаво светло, некои се појавија во скапи ретро аввтомобили, други летаа со хеликоптер, а еден дечко пристигна со трактор. Најмногу галама во светот крена 16-годишната Иша Сана Ахтар од Блекбурн. Вујкото на девојчето изнајмил Ролс Ројс Фантом, покриен со повеќе од четири милиони Сваровски кристали, ангажирал фотограф, а пред матурантката поставиле црвениот тепих. Секако нејзиниот луксузен фустан од 1000 фунти е приказна сам за себе.
Да ја погледнеме Иша, како и други слични на неа од разни земји во светот.