Тоа што пред 10.000 години било земја, денес може целосно да се наоѓа под вода, благодарение на покачувањето на морското ниво. Што ќе се случи по 10.000 години? Можеби сѐ што ни е драго ќе биде потопено во морето, како изгубениот град Атлантида.

Неодамна во една подводна пештера во близина на Карипското море на мексиканскиот полуостров Јукатан, нуркачите открија нешто неочекувано: човечки череп од пред 10.000 години. Потврдено е дека тоа е најстариот череп на човечко суштество во Америка.

desktop-1426796371

Нуркачите биле таму за да ги истражат остатоците на предисториски животни кои лежат длабоко во подводната пештера. Но, се изненадиле кога покрај човечките коски налетале на стар човечки череп.

desktop-1426796373

Черепот е најден во близина на 6-метарски мастодонт и предисториска мечка. Палеонтолозите сѐ уште се прашуваат зошто остатоците од овие три суштества се толку блиску, и како се нашле во пештерата.

desktop-1426796377

Згора на сѐ, отворот на пештерата не е доволно голем за низ него да влезе возрасен мастодонт како овој. Експертите претпоставуваат дека луѓе од тоа време го уловиле и исекле предисториското животно кое го користеле за храна и облека.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено