За време на студиите во Оксфорд, авторот Томас Деј бил фасциниран од книгата на Жан-Жак Русо „Емил“ во која се содржани практични идеи за образованието. Инспириран од книгата, Ден одлучи да напише листа на барања за својата идна сопруга. Но бидејќи не можел да ја најде, решил да си создаде таква, односно да ја „едуцира“, користејќи ги сопствените концепти и теоријата на Русо.
Во 1796 година, Деј избрал две девојчиња од сиропиталиште, на возраст од 11 и 12 години. Неговата идеја била, онаа која што ќе се докаже достојна за неговиот концепт на совршена жена ќе стане негова сопруга. Томас Деј го опишувале како нервозен човек, со избувлив карактер и лице со лузни од мали сипаници. Во неговата идеја го поддржувал и Ричард Ловел Еџворт.
Првото девојче се викало Сабрина и имало 12 години, а подоцна Деј и го дал името Сидни. Второто девојче имало 11 години и се викало Лукреција. Девојчињата биле земени од Шрусбери домот за деца и никој не знаел за намерата на Деј. Томас се преселил со девојчињата во Франција, со цел да ги изолира од јавноста. Таму тие се едуцирале една година, а онаа што ќе се покаже како подобра ќе остане со Деј како потенцијална совршена сопруга.
Сабрина покажувала поголем интерес за едукација и затоа Деј, ја пратил Лукреција да биде помошничка кај негова познаничка. Деј ја учел Сабрина на основите на математика, литература, иторија и географија, но почнал и да ја тестира на физички начин така што ставал врел восок по нејзиното тело а притоа и велел дека не смее да плаче, ниту пак да вреска затоа што така прават совршените жени. Исто така Деј испукал и куршум до увото на Сабрина, но таа не можела да издржи и почнала да вреска.
Томас бил бесен зошто Сабрина не била совршена и ја пратил во интернат. Тој подоцна се премислил и сакал да се ожени со неа кога таа имала 18 години. Но кога биле свршени Сабрина облекла погрешен фустан за забава кај пријателите на Томас и тој повторно го исфрлил гневот врз неа и ја откажал венчавката, а Сабрина ја испратил да работи како слугинка.
Томас Деј се оженил со богата наследнича по име Естер Милнес. Кога Сабрина добила понуда за брак од некое момче таа барала дозвола од Деј и тој не и дозволил. Подоцна таа се омажила за најдобриот пријател на Деј, Бикнел и имале три деца. Таа починала во 1843 година на 86 години.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.