Браќа Хесус и Карл Бел од Барселона 11 години произведуваат ексклузивно дизајниран мебел од стари автомобили, мотоцикли, па дури и авиони. Нивната продавница Bel & Bel на ‘рѓосаните парчиња од железо им дава втор живот, ги претвора во удобни столови, фотелји, маси и кревети.