Едвард С. Куртис бил прочуен американски етнолог и фотограф на американскиот Див Запад и американските домородци. За време на својот живот, тој снимил неверојатно обилен фотографски материјал на американската дивина, кој на идните генерации ќе им овозможи да ѕирнат во тој впечатлив период на американската историја.
Започнувајќи од 1906 година, Куртис минал повеќе од две денеции патувајќи низ Северна Америка по стапките на повеќе од осумдесет индијански племиња во обид да го документира нивниот живот. Неговите серии на прекрасни фотографии кои биле наречени „Северноамериканскиот Индијанец“ денес постојат како бесценети уметнички дела, визуелни колекции кои го одземаат здивот.
Во продолжение споделуваме неколку од славните фотографии на Куртис, кои иако снимени во црно-бела техника, нѐ пренесуваат назад во времето на недопрената дивина на Северна Америка и животот на еден народ кој живеел во согласност и хармонија со природата. Сме ги гледале на филмови, но еве како навистина изгледале тие луѓе.