Овие денови македонски граѓани излегоа со иницијатива за озаконување на т.н. медицинска марихуана. Еве што всушност му се случува на вашето тело кога ви се случува таа блага замелушеност, црвените очи и кога го чувствувате тој незадоволив глад.
ТХЦ
Марихуаната содржи специјална состојка наречена ТНС, или тетрахидроканабинол, кој е одговорен за поголемиот дел од психотропните ефекти на дрогата, вклучувајќи го и чувството на опуштеност, блага вртоглавица, и карактеристичното стонерско чил чувство.
Вдишувањето
Кога вдишувате, јадете или на друг начин внесувате марихуана во вашето тело, ТНС влегува во крвотокот (или прво во белите дробови ако марихуаната ја пушите) кадешто си го пробива патот до специјалните канабиноидни рецпетори во мозокот кои нормално комуницираат со хемикалиите кои природно се јавуваат во човечкото тело.
Вашиот мозок
Тие рецептори ги контролираат расположението, меморијата, концентрацијата, перцепцијата на времето и моторните вештини. Кога ТНС ќе стигне до мозокот, сите тие функции стануваат преактивни. Рецепторите како реакција на тоа испуштаат допамин што на вашето тело му го дава тоа чувство на лебдење и опуштеност.
Повеќе трева, повеќе ефекти
Во основа, марихуаната прави бркотница во вашиот мозок, нарушувајќи го начинот на кој тој фунцкионира со себеси. Колку повеќе пушите, толку повеќе системот станува збркан.
Параноја
Збунетоста на рецепторите и центрите кои ги регулираат расположението и чувствата во вашиот мозок исто така понекогаш може да доведе и до чувства на параноја и вознемиреност, или како што тоа го нарекуваат децата – бед трип.
Кога се јаде
Кога марихуаната се јаде, можат да бидат потребни часови за ТНС да стигне до мозокот и да ги иницира своите ефекти.
Црвени очи
Мозочните рецептори исто така предизвикуваат и проширување на крвните очни садови, што ги иритира очите и предизвикува црвенило и чешање. Ете зошто Снуп Дог постојано носи очила.
Срцебиење
Проширувањето на крвните садови исто така предизвикува и забрзано биење на срцето во опсег од 20 до 100 отсто, и овој ефект може да трае три часа после пушењето.
Глад
Истите рецептори се одговорни и за регулирањето на исхраната и внесот на енергија во мозокот. Кога ТНС ќе влезе во миксот, едноканабиноидите можат да предизвикаат глад како и засилување на чувството за мирис. И без да се сетите, сте изеле три чизбургери, половина пица и цела вреќа чипс.
Спуштањето
По периодот од два до шест часа по внесувањето, ефектите на марихуаната почнуваат да бледнеат. Брзото опаѓање на нивото на допаминот може да предизвика и чувство на тага или да направат вашиот мозок да се чувствува истоштен.
Вашето тело после пушењето
Иако ефектите на ТНС бледнеат после неколку часа, хемикалиите во вашето тело остануваат од 20 часа до 10 дена. Па така, ако вчера сте го славеле големиот тревкарски празник, не брзајте да правете анализи на крвта.