Како што економските и политичките системи во Грција продолжуваат да се уриваат и колабираат, една област во Атина расте во својата сила и независност, откако голем број поединци решија да немаат ништо со грчката влада и да си создадат своја сопствена заедница.

Иако Егзархиа е во сенката на главниот град на Грција, станува вистинско жариште на слобода и програми за взаемна помош во мрачните денови за целата земја. Поради растечката слобода во оваа област, луѓе од сите краишта почнале да се доселуваат и да помагаат во градењето на заедницата.

exarchia

Мејнстрим медиумите ја демонизираат заедницата и ја опишуваат како упориште на анархисти, дилери на дрога, криминалци и бездомници, и заедницата сосема разбирливово стана отпорна отпорна на провладините медиуми како резултат на сето тоа. Медиумите, полицијата и владините претставници не се добредојдени на територијата на новата заедница и ретко се охрабруваат да минуваат таму, знаејќи дека членовите на заедницата се обединети и пркосни во нивниот отпор кон естаблишментот.

Егзархиа е една од областите кадешто најчесто се случува луѓето на полициската бруталност да возвратат со сила, и е една од најактивните области во земјата кога станува збор за граѓански активизам. Ѕидовите по улиците се прекриени со постери, графити кои се изразено антиполитички и антидржавни.

Во 2008 година, полицијата убила младо момче во Егзархиа, предизвикувајќи огромни протести и немири, и од тој инцидент полицијата ја избегнува областа, знаејќи дека таму не се добредојдени.

Во Егзархиа се спроведуваат најразлини видови на соработка и независна социјална грижа, како и организации за взаемна помош, вклучувајќи и времени банки и бесплатна здравствена нега заснована врз волонтерство, без никаква наплата.

Но најинтересното во сето тоа е што таму луѓето се однесуваат сосема невообичаено за време на општа економска и општествена криза, кога секој се грижи само за себе, што често и се промовира од циничните мејнстрим мислители со искривен поглед за тоа што навистина се крие во човечките срца.

Во вакви очајни ситуации во коишто човечката сочувствителност и досетливост се ставаат на тест, заедниците се здружуваат на сопствена иницијатива, без да имаат потреба властите да им кажуваат што треба да прават, при што работат рамо до рамо без никакво насилство, остварувајќи доброволни и договорни размени на добра и услуги од кои сите имаат полза.

Сподели на Facebook
пати видено