Пратеник во египетскиот парламент се соочува со исмевање затоа што кажал дека на студентките треба да им се прави тест за невиност. Илхами Агина наводно кажал дека невиноста треба да е предуслов за прием на факултет. Со тоа, според него, би се ставило крај на нерегистрираните „обичајни“ бракови кај младите кои не можат да си дозволат формални венчавки.

mm01

„Секоја девојка која се запишува на факултет мора да биде прегледана за да докаже дека е девица“, изјавил тој.

„Ви велам дека ќе станува уште полошо“, изјавил Халид Давуд, новинар и либерален дисидент како реакција на ова. „Во парламентот имаме пратеник кој е опседнат со секс.“

mm02

Агина изјавил дека неговите зборови биле погрешно протолкувани и затоа решил да ги бојкотира медиумите. „Веќе нема да се расправам со медиуми. Не упатив барање, туку предлог. Има голема разлика меѓу барање и предлог“, тврди тој.

Сподели на Facebook
пати видено