„Свиркачот“ на НСА тврди дека поседува документи кои докажуваат дека Бин Ладен сѐ уште се наоѓа на платниот список на ЦИА, и дека живее луксузен живот на Бахамите. Откако Едвард Сноуден, поранешен соработник на американската безбедносна служба НСА, разоткри доверливи документи за шпионските програми на американската влада во 2013 година, беше обвинет за повеќе престапи – при што секое од нив му носи максимална казна затвор од десет години. Бидејќи компјутерскиот експерт верувал дека има право да обзнани за масовното прислушкување од американското разузнавање, не сакал да се соочи со американскиот суд и ја напуштил својата родна земја.

sno01

Сега живее во Русија, кадешто добил азил, и открива уште контроверзни информации. Според московските медиуми, Сноуден верува дека Осама Бин Ладен, познатиот терорист и поранешен лидер на Ал Каеда, е сѐ уште жив и добива средства од ЦИА.

„Имам докази дека Бин Ладен сѐ уште се наоѓа на платниот список на ЦИА“, тврди Едвард Сноуден. „Тој сѐ уште добива повеќе од 100 000 долари месечно, кои се префрлаат на име на некои бизниси и организации, дирекнто на неговата банкова сметка во Насау. Не сум сигурен каде се наоѓа сега, но во 2013 живеел тивко во неговата вила со пет од неговите жени и со многу деца.“

Според Сноуден, американската влада ја лажирала смртта на Бин Ладен и потоа го пренела терористот и неговото семејство на тајно место на Бахамите.

„Осама Бин Ладен долго време беше еден од најефикасните оперативци на ЦИА“, тврди познатиот свиркач. „Каква порака ќе беше испратена на другите нивни оперативци ако оставеа специјалците да го убијат? Организираа лажирање на неговата смрт во соработка со тајните служби на Пакистан, и тој едноставно го напуштил своето скривалиште. Бидејќи сите веруваат дека е мртов, никој не го бара, па така му било лесно да исчезне. Без брадата и военото палто, никој не може да го препознае.“

И покрај тоа што 168 000 луѓе потпишале петиција за негово помилување, Белата Куќа го одбила ова барање. Кога бил во Хонг Конг, неколку новинари ја имале можноста да го интервјураат и го прашале зошто избегал од својата земја, на што тој го дал следниот одговор:

„Не сакам да живеам во општество кое прави такви работи…Не сакам да живеам во свет во кој сѐ што правам и зборувам се снима.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено