Досега се спроведени најразлични истражувања за сигурноста на најразличните техники за детектирање лаги. Некои методи се доста ефикасни – но само ако сте соодветно тренирани и ако често ги вежбате овие техники. Сепак, не постои „волшебен куршум“ во однос на препознавањето лаги кој функционира секогаш, во секоја ситуација и со секого. Има само веројатности: дали врз основа на однесувањето на дадена личност може да се донесе заклучок дали таа е вистинита или лажна.

lg

Има два главни проблеми при обидот за препознавање лаги – лажнте позитиви и лажните негативи, кои може да ги направи дури и полиграф. А и не секогаш имате пристап до полиграф, на крајот на краиштата. Да се препознае измама во бизнис ситуации, ни треба пристап кој е лесно достапен и кој ќе го минимизира ризикот од лажни позитиви и негативи; ако не е така, тогаш е бесполезен.

И постои таква техника која го ветува тоа, со помош на која можете да разликувате лага од вистина со голема веројатност дека сте во право. Да претпоставиме дека интервјуирате некого за работа, или сте на првиот состанок, или сакате да дознаете дали некое дете украло нешто или знае кој го сторил тоа. Во вакви ситуации сте во позиција да поставите серија прашања. И токму во такви мигови оваа техника може многу да ви помогне.Еве што треба да правите:

1. Започнете со серија едноставни и незначајни прашања на кои е пожелно вие веќе да ги знаете одговорите. Но би можеле да поставите и прашања на кои повеќето луѓе не би лажеле. Каде пораснавте? Каде работевте? Дали имате деца?

2. При секој одговор, обрнете внимание на која страна ги придвижува очите таа личност. Ова ќе ви покаже кон која страна од мозокот се повикува личноста за да пристапи до сеќавањата.

3. Откако сте ги воочиле движењата на очите кога личноста дава вистинити одговори, поставете серија прашања на кои таа личност би можела да каже вистина, но и лага, меѓу кои и вашето прашање: Зошто ви заврши врската? Зошто ја напуштивте последната работа? Дали знаеш нешто за исчезнатите пари? Ако очите се придвижат кон другата страна, тогаш таа личност најверојатно не се повикува на сеќавања, туку во друг дел од мозокот изнаоѓа начин да измисли лага на која би можело да ѝ се поверува.

Движењето на очите е тешко да се лажира со постојаност, дури и ако личноста свесно се обидува да го стори тоа. Нивото на ментален напор потребен за контролирање на очите, измислување и кажување лаги и одржувањето на нормален разговор во исто време е преголемо. Во вистинската околност, би можеле да препознаете дали некој лаже и пред да ја отвори устата, уште кога ќе мрдне со очите.

Сподели на Facebook
пати видено