Жена од Квинсленд раскажува за мигот кога се запознала со својот татко кој никогаш не го запознала, и открила дека тие всушност биле соседи. Триесет и шестгодишната Натали Бајерс имала осумнаесет години кога дознала дека човекот кого во викала „тато“ всушност не е нејзиниот биолошки татко, а кога нејзината мајка умрела по осум години борба со рак, Натали се плашела дека никогаш нема да го најде својот вистински татко.

tk01

Но, откако во ноември се зачленила во Фејсбук група која им помага на луѓе да се поврзат со изгубени роднини, тие најпосле се сретнале. Бајерс за медиумите изјавила: „Конечно се чувствувам како да припаѓам некаде.“

tk02

За него таа знаела само дека се вика Вејн Луис и имала неколку фотографии кои ѝ ги дала нејзината мајка. Откако по смртта на својата мајка објавила на Фејсбук, набргу добила порака од нејзиниот татко и конечно ја добиле можноста да се запознаат.

„Дознав дека Вејн се забавувал со мама кога таа имала 16, а тој 17 години“, раскажува Бајерс. „Веќе раскинале пред мама да ку каже дека е бремена, но тој ѝ ветил поддршка“, вели Бајерс, објаснувајќи дека подоцна мајка ѝ – од непознати причини – на Вејн му кажала дека бебето не е негово и дека не мора да имаат никаков контакт.

tk03

Подоцна кога г-ѓа Бајерс за првпат се сретнала со својот татко, открила дека години порано тие биле соседи.

„Кога имав девет години, татко ми без да знае за нас се вселил на три куќи од нашата. Јас не се сеќавам на тоа, но тој влегол во продавницата за миленичиња која ја поседуваше мајка ми и ме видел таму.“

Подоцна тој се иселил, не сакајќи да враќа лоши спомени. Сега тие секоја ноќ се слушаат по телефон, а г-н Луис вели: „Сакам да надоместам за изгубеното време.“

Сподели на Facebook
пати видено