Секој ден, илјадници туристи го посетуваат Сафари Светот во Бангкок, сакајќи да ги видат животните одблизу и да чкрапнат неколку снимки од дивиот свет. Но, една туристка неодамна била шокирана од постапката на еден орангутан со кој се сликала, кој ги свиткал рацете околу неа и ја зграпчил за градите.
Во видеото објавено на сајтот Редит може да се види како жената седи на клупа во паркот, подготвувајќи се да направи една снимка со два пријателски расположени орангутани. Во еден миг, едниот од нив ги свиткува рацете околу неа и ја зграпчува за градите, клештејќи се.
Сафари Паркот е познат по интересните искуства со животните и многу посетители го посетуваат за да ги видат белите тигри, тропски птици како и морски атракции.