Оставете на страна сѐ што правите, во моментов имаме итен случај! Една домаќинка објавила слика со нејзиниот креденец велејќи дека е „невозможно да се отвори“, барајќи совети за тоа како да го отвори без да ги уништи своите скапоцени порцелански чинии.

cp

Набргу по објавувањето, се јавила цела армија на добродушни луѓе со стотици совети (16 000 реакции и 456 коментари). Што би направиле вие на нејзино место?

Еве некои од коментарите:

1. Тоа е економско прашање, ако чиниите се евтини, отвори ја вратата. Ако чиниите се незаменливи, скрши го стаклото оддесно.

2. Изгради друга иста таква куќа веднаш до твојата куќа со една единствена разлика – чиниите да се наоѓаат на полицата. Потоа избриши ја старата куќа.

3. Поплави ја куќата, и потоа отвори го креденецот без никаков ризик.

4. Отвори шише вино…напиј се…почекај мажот ти да дојде дома. Започни некаква расправија без причина…Појди во кујната, отвори ја вратата и остави да се испокршат. Обвини го твојот сопруг за тоа – тој ќе се извини и ќе ти купи нов комплет.

5. Навали го креденецот наназад, и тогаш отвори го.

6. Пробај да го рестартираш.

7. Креденецот наречи го „Замрзнат во времето“ и продај го во некој музеј

8. Отвори ја вратата само малку и исполни го сето со пур пена.

9. Пробај ctrl+z, тоа ќе помогне.

10. Сликај го и побарај решение на интернет.

Сподели на Facebook
пати видено