Претставата дека се враќаме таму од кадешто сме дошле е длабоко вкорената во човештвото, без разлика на религиозната припадност, па така и овој нов погребен метод кој е предложен во Италија е целосно во согласност со таа идеја. Капсула мунди е проект на дизајнерите Ана Чители и Раул Брецел и претставува органска, биоразградувачка капсула која телото на починатиот го претвора во хранливи материи за дрво кое ќе израсте од неговите останки.

Откако ќе се капсулира во фетусна положба, починатиот се закоува и над капсулата се засадува дрво. Веб страницата на овој проект веќе нуди поголем број на различни видови дрвја на потенцијалните клиенти.

Проектот во моментот претставува само концепт, бидејќи италијанските закони не предвидуваат ваков вид на закопување. Според авторите на оваа идеја, целта на проектот е наместо гробишта со бескрајни споменици, да се формираат цели меморијални паркови. И наместо да ја уништуваме природата сечејќи ги дрвјата за изработка на дрвени ковчези, да се засадуваат нови дрвја, а блиските на починатиот ќе му оддават почит така што ќе доаѓаат да му оддадат почит на дрвото, да го наводнуваат и да се грижат за него.

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-3

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-4

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-6

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-7

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-8

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-9

biodegradable-burial-pod-memory-forest-capsula-mundi-100

Сподели на Facebook
пати видено