10-годишниот Кизаи е единствената кафеаво-бела панда во заробеништво во светот и неговото крзно ги збунува експертите со години.
Мажјакот кој има околу 30 „човечки години“ беше посвоен од Pandas International, добротворна организација со седиште во САД, чија цел е да се спасат што е можно повеќе панди.
Кизаи, чие име значи „седми син“, ќе продолжи да живее во Центарот за истражување на џиновски пандата „Кинлинг“ во северозападната кинеска провинција Шанкси. Но, Панда Интернационал со седиште во Денвер ќе има пристап до него да го посети и да добива редовни ажурирања за неговиот живот.
Групата за зачувување на животните, ко-основана од Сузан Браден и Дајан Рис во 2000 година, во центарот обезбеди бесплатни вакцини, лабораториски инструменти, креветчиња за панди и млеко во прав. Исто така, им помагале на чуварите во нивната секојдневна работа, велат од центарот.
Кизаи бил пронајден како двомесечно младенче, слаб и сам, од страна на истражувачите во природен резерват на планините Килинг во централна Кина, откако неговата мајка очигледно исчезнала во џунглата.
За негова безбедност, истражувачите го однеле во блискиот центар за спасување, каде што бил згрижен. За жал кутриот Кизаи и таму бил малтретиран од останатите мали панди кои го игнорирале и му ја земале храната, затоа што бил различен од нив.
Но. и покрај неговото „тешко детство“ Кизаи денес е една голема и среќна панда.