Задевањето меѓу децата е честа појава, при што тоа понекогаш знае многу негативно да се одрази врз задеваното дете. Еден учител изнашол интересен начин како своите ученици да ги научи на поубави односи помеѓу нив. Доколку се согласувате со него, споделете го ова со вашите пријатели.
„Едно утро решив да наминам во продавница и да купам неколку јаболка. За време на нашиот класен час, за време на кој седиме во круг и разговараме, на учениците им кажав дека ќе пробаме нешто различно, им ги покажав моите две јаболка и ги замолив да ги набројат сличностите и разликите помеѓу нив. И двете беа со иста боја и облик, само што едното беше со малку поизрацена црвена боја и поголемо, но инаку буквално немаше никаква разлика.
Тогаш го кренав другото јаболко кое беше малку пошарено и помало и кажав: „Грозно! Ова јаболко изгледа одвратно!“ и го фрлив на подот. Децата ме погледнаа како да сум МРДНАТ! Неколку се насмеаја неудобно, но поголемиот дел мислеа дека сум го загубил умот. Тогаш го кренав и му го подадов на ученикот до мене и кажав: „Зар ова јаболко не е едноставно глупаво?! Треба да му кажеш нешто нешто злобно и да го направиш ова!“ и повторно го испуштив на подот пред мене. „Сега подај му го на тој до тебе, за и тој да му каже нешто лошо на јаболкото!“
И да не должам многу, моите деца се заиграа велејќи му злобни и болни нешта на тоа јаболко, испуштајќи го на подот пред нив. „Одвратна ми е твојата луспа“; „Многу ти е грда црвената боја“; „Стебленцето не тие доволно долго“; „Веројатно си полно со црви“; итн. итн.
Па така, додека јаболкото да стигне до мене секој имаше шанса да го треснат кутрото, па така навистина почнав да сочувствувам со неживиот предмет…но, продолжуваме. Ги кренав двете јаболка и ги замолив сега повторно да ги наведат разликите и сличностите помеѓу јаболката…Одговорот беше ист…Немаше некоја голема разлика. Дури и откако неколку пати го фрлаа јаболкото, не можеше да се забележи некое големо оштетување.
Зедов ноже и го пресеков поблескавото јаболко. Беше совршено, и сите деца понаа да изпуштаат воздишки. Потоа го пресеков второто и кога го отворив, беше целото покриено со кашести кафеави дамки и сето набиено одвнатре на местата каде што паѓало. Кога им го покажав, децата извикаа: „Уууу, не сакам да го јадам тоа јаболко! Пих! Изгледа одвратно…“
Тогаш ги погледнав и им кажав, „Но, зар сите ние не придонесовме јаболкото да изгледа така? Ние го сторивме ова…зошто да не го јадеме тогаш?“ Тогаш сите подзапреа и се стишија, и јас продолжив. „Гледате дечки…тоа е тоа што им го правиме на другите луѓе кога им кажуваме злобни и болни нешта. Кога озборуваме или некого нарекуваме грд или дебел и кога им велиме дека не ги бива или кога велиме дека не можат да ни бидат пријатели…едноставно ги фрламе на подот и им правиме уште една повреда….повреда која можеби не се гледа однадвор, но сепак навистина постои и може многу да им наштети! Таа не поминува туку-така, тие повреди стануваат сѐ полоши и сѐ подлабоки…еве ОВА…!“ и им го покажав јаболкото „…е тоа што си го правиме едни на други. Мораме да престанеме да се фрламе едни други.“
Никогаш не сум видел моите ученици толку брзо да сфатат нешто. Тоа беше толку вистинско за нив…некои плачеа и беше навистина емотивно, но и навистина прекрасно. Подоцна многу ми пријдоа и ме гушкаа, велејќи ми дека им е многу мило што еден учител „сфатил“.