Децата имаат неверојатна фантазија. Еднаш ќе си играат домаќини со тенџериња и чинии, а веќе следната се пирати кои се мечуваат, играјќи си со стапчиња во дворот. Еден креативен татко на својата ќеркичка и направил нешто што ќе ја разгори нејзината фантазија.
Употребувајќи штици, за само четири дена направил куќичка на два ката со електрично осветлување. Едноставниот дизајн на куќата овозможува таа да може да ја претвори во вселенски брод, замок или што и да е. Навистина прекрасен подарок за секое дете.
Еве го материјалот за куќичката.
Првин ги изработил главните потпорни столбови.
Потоа ја поставил рамката и скалите.
Следуваат страничните ѕидови на првиот кат.
На првиот кат направил мало прозорче.
Првиот ден завршил доста работа.
Вториот ден ја расклопил куќичката и ја внел внатре, кадешто продолжил со изработувањето на ѕидовите.
Третиот ден додал прозорец и приклучниза за електрична енергија на вториот кат.
Ѕидовите ги подзасилил за да бидат колку што е можно поиздржливи.
Четвртиот ден ја украсил куќичката, додавајќи саксија за цвеќиња како тераса за куклите.
Внатре поставил полици за разни играчки.
Неговата ќерка не може да се изнарадува на на крајниот резултат.