Можноста да се спасат животи треба да е една од главните причини да се стане полицаец. И кога ќе слушнеме дека некој полицаец добил награда за храбоста веднаш помислуваме дека спасил повеќе луѓе или пак уапсил опасен криминалец.
Но, постојат и други приказни кои не се помалку инспиративни од овие дела и ја покажуваат „големината“ на луѓето. Ние сакаме да ви раскажеме една таква приказна.
Г-дин и г-ѓа Хамет, сопруг и сопруга, возеле за време на пороен дожд во Гринбелт, Мериленд. Во далечината, тие здогледале полицајка која стоела на средината на патот. Тие мислеле дека стои таму за да ги предупреди возачите за поплави поради силниот дожд. Но, кога се приближиле, забележале широка насмевка на лицето на полицајката и веднаш сфатиле што е проблемот.
Всушност, полицајката чие име е Шарнис Хокинс-Греам, стоела над точкеста желка. И покрај дождот и фактот дека целосно накиснала жената не се тргнала од животното. Парот застанал до патот, а г-дин Хамет излегол со чадор за да ѝ помогне на Шарнис.
Полицајката им кажала дека само што заминала од церемонија кога била известена дека има желка на патот. Таа запрела до желката но сфатила дека не може да го помести животното. Желката била голема и доколку ја носи во раце може да биде опасно, затоа се јавила во единицата за заштита на животни. И додека да пристигнат таа решила да ја чува желката за да не ја згази некој автомобил.
Додека г-дин Хамет и помагал на полицајката, г-ѓа Хамет се упатила кон нивниот дом и земала две лопати со кои ја поместиле желката на безбедно. „Полицајката беше жива вода но сѐ уште имаше прекрасна насмевка на нејзиното лице. Тоа беше прекрасно искуство“, вели г-ѓа Хамет.
Шарнис веќе одамна покажала дека е добар полицаец. Околу 6 месеци пред спасувањето на желка, таа станала полицаец на годината во Гринбелт за нејзината храбра служба. И со овој чин, таа уште еднаш покажала дека ја заслужува оваа титула. Со сопствен пример таа докажува дека полицајците треба да ги заштититуваат не само луѓето, туку и оние кои се многу помали и поранливи од нас.