Џејмс Деј, фотограф од Сиднеј имал уникатно искуство на работа каде што требал да фотографира невеста која е сосема слепа. Како може да фотографирате свадба знаејќи дека идната сопруга никогаш нема да ги види сликите?
На ова прашање можел да му најде одговор само неверојатнот Џејмс, тој не само што создал уникатна атмосфера на венчавката, туку и им дал подарок на младенците, кој засекогаш ќе им остане во срцата.
Стеф го изгубила видот кратко пред да го запознае Роб. Таа страда од дистрофија, нарушување на окото кое го наследила од нејзината мајка Линда. Таа се откажала од нејзината венчавка од соништата, бидејќи без вид не ќе можела целосно да ја доживее, но потоа фотографот Џејмс ја предомислил.
Тоа била навистина тешка задача за Џејмс, тој вели: „Јас гуглав, ги прашав сите што ги познавам…12 месеци размислував за оваа идеја. 1000 пати на ден ми минуваше мислата низ глава.“
Така е креирана идејата за употреба на 10 ткаенини внесени со различни есенцијални масла. Линда само со допир можела да се сети на секој дел од големиот ден.
Но, најголемото изненадување следело подоцна, невестата имала можност да ги „види“ фотографиите специјално направени за неа. „Во суштина, сликата се загрева и потоа се крева“, објаснува Џејмс.
Ткаенините и соодветните мириси биле вклучени во свадбениот албум. Секоја страница содржела фотографии придружени со аудио фрагменти од тие моменти. Тие ѝ помогнаа на Стеф да се врати во еден од најсреќните денови од нејзиниот живот и повторно да ги почувствува тие емоции.