Помпеја срушен и делумно затрупан римски град близу денешен Неапол во италијанскиот регион Кампанија, на територијата на комуната Помпеи. Овој град, заедно со градот Херкуланеум биле уништени и сосема затрупани со катастрофалната ерупција на вулканот Везув на 24 август 79 година.
Zero One ја создаде анимацијата со извонредна 3D театарска инсталација која им даде на посетителите на „Зимската изложба на ремек-дела во Мелбурн“ шанса да ја почувствуваат истата драма и терор кои ги чувствувале граѓаните на градот одамна и да видат како серијата ерупции ја избришаа Помпеја во рок од 48 часа.
Повеќе од 330.000 луѓе ја посетиле изложбата, во просек повеќе од 2.700 на ден, што ја прави најпопуларната патувачка изложба досега изведена од еден австралиски музеј. Бидејќи градот бил затрупан од пепелта на вулканот за него не се знаело 1,600 години, сѐ додека не бил случајно откриен во 1748 година. Денес местото е една од најпопуларните туристички атракции во Италија и се смета за светско наследство на УНЕСКО.