Неговата мајка вели дека ѝ се потребни најмалку два часа во супермаркетот наместо вообичаените четириесет минути, бидејќи толку многу луѓе ги запираат за да се поздрават и да го видат бебето. Но, и тоа не е најлошото. Имено, малиот бушавко ужива да е во центарот на вниманието и почнува да плаче ако таа му стави капче и се обиде малку да ги забрза работите.

b01

Повеќето бебиња имаат по некој прамен нежна коса на нивната глава. Но Џуниор Кокс-Нун, кој се родил во Брајтонската општа болница со тежина од 4,5 килограми, има толку многу коса што бил наречен „мече“. Неговата мајка, 32-годишната фризерка Челси Нун вели: „Тој се роди со многу коса. Не ни знаев колку коса има, сѐ до неговото прво капење. Сите акушерки и здравствени работници велеа дека ќе му падне, бидејќи на бебињата вообичаено им паѓа косата кога ја тријат главата од креветчето, но нему не само што не му паѓа, туку уште повеќе му расте.

b02

Кога ќе го поведам со себе на неделно пазарување, секој го загледува и вели – О Боже, види ја косата на тоа бебе – и мораат да ја допрат. Тоа не му пречи и се смешка. Луѓето ми велат да го потстрижам, но толку е уникатна што ќе ја оставам таква каква што е.“

b03

Таа му ја фенира косата на детето, бидејќи ако ја остава да се исуши по природен пат, тоа би траело цела вечност. Нејзините други синови Мичел и Престон не се родиле бушави како нејзиното трето дете.

b04

Сподели на Facebook
пати видено