Повеќе од 120 исчезнати деца се пронајдени за само еден ден за време на голема операција за спроведување на законот во Мичиген. Службата на американските маршали соопшти дека операцијата MISafeKid става акцент на лоцирање на исчезнатите деца кои биле жртви на трговија со луѓе.
Иницијативата која се одржала во еден ден успеала да спаси 123 деца од 300, за кои се тврдело дека исчезнале во областа. Децата биле пронајдени во областа на округот Вејн, кој го вклучува и Детроит.
Сите овие деца биле физички лоцирани и интервјуирани за потенцијални сексуални жртви или користени во синџир на трговија со луѓе во текот на нивното исчезнување. Властите потврдиле 3 случаи поврзани со трговија со луѓе и еден тинејџер кој не јадел ништо со денови. Децата биле предадени на службите за заштита на деца.
Операцијата вклучувала повеќе агенции за спроведување на законот, освен маршалите, вклучувајќи ја и единицата за пронаоѓање на исчезнати деца во Детроит, државната полиција во Мичиген и окружните служби на округот Вејн. Властите почнале да истражуваат случаи на исчезнати деца неколку недели пред самата акција.
Американските маршали изјавиле дека ќе продолжат со исто темпо за да пронајдат што поголем број на исчезнати деца низ САД.