Сопственици од кучиња од Западен Јоркшир го прославуваат пристигнувањето на нивните две клонирани кутриња кои ги чинеле речиси 100.000 долари. Ричард Ремд и Лаура Жак се првите луѓе во Британија кои клонирале свој миленик преку услугата на контроверзната фондација „Sooam Biotech Research Foundation“ од Јужна Кореја.

Тие биле толку потиштени кога нивното куче Дилан умрело од мозочен тумор на почетокот на оваа година, што решиле да ја контактираат компанијата во надеж дека неговата ДНК може да биде употребена за создавање на клон.  Сега, токму во екот на празничната сезона, Ричард и Лаура станаа горди сопственици на две здрави кутриња, Ченс и Шедоу, кои практично се идентични со нивниот сакан Дилан.

„Целата работа изгледа надреална“, вели Лаура. „Изгубив чувство за времето. Немам поим колку требаше за сето ова. Само се држев за Ричард кога се раѓаше Шенс.  Дури и за кутре старо само неколку минути, не можев да верувам колку многу личи на Дилан. Сите белези на неговото тело се на истите места како кај Дилан.“

Ричард и Лаура се надеваат дека ќе можат да ги донесат во Велика Британија во јули, кога завршува периодот за карантин.

кч

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено