Брачен пар од Велика Британија изгубила џекпот на лото и покрај тоа што ги погодиле сите бројки. Да се добие на лото е сечиј сон, но Дејвид и Едвина Нилан, кои ги погодиле сите бројки за Божиќното извлекување на лото, но нивниот воскит и славење многу бргу се претвориле во очај кога со ужас увиделе дека нивното ливче не е регистрирано како што треба поради технички пропуст за време на купувањето.
„Се обидовме да се насмееме на ова, но целосно сме избезумени“, вели Едвина. „Со години уплаќавме лото, и овие пари можеа да ни ги променат животите.“
И за нештата да бидат полоши, уплатата на ливчето најпосле успеала, но тогаш кога било предоцна. Извлекувањето веќе било поминато и добитното ливче не било валидно.
„Тоа еше како нашите сништа да се уриваат околу нас. Се чувствуваме измамени“, додава Едвина.