Три парови – 30 години во брак, 5 години во брак и штотуку венчани, сакаат да станат членови на црква.
Свештеникот им вели: „За да станете членови на црквата, мора да издржите 2 недели без да имате се*с. Така ќе знаеме дека вашата вера е посилна од вашите животински инстинкти.“
Две недели подоцна доаѓаат трите пара и свештеникот ги прашува.
Најстариот пар:
„Тоа не беше никаков проблем.“
Потоа тој го прашува парот кој е во брак 5 години:
„Па, првата недела беше во ред, но втората недела моравме со сопругата да спиевме одделно, за да не бидеме во искушение. Но, успеавме.“
Кога ги прашува младоженците, мажот одговара:
„Па, не успеавме да издржиме две недели“
„Дали му се предадовте на искушението?“
„Да, пред неколку дена, мојата сопруга се обидуваше да дофати една конзерва од горната полица. Конзервата падна, таа се наведна да ја земе, а јас кога ја видов, не можев да издржам…“
„Жал ми е што го слушам ова, синко. За жал, повеќе не сте добредојдени во оваа црква.“
„Нема проблем, ние и во Тинекс повеќе не сме добредојдени.“