Две кучиња лежеле на земјата и одбивале да се движат иако нивните сопственички се обидувале да ги влечат, затоа што знаеле дека ќе бидат напуштени. Нивниот отпор бил краткотраен бидејќи двете жени ги земале во рацете и ги оставиле во шинтерницата да умрат.

Ен Флорес ја фотографирала сцената која била таму за да му помогне на пријател да усвои куче.

„И двете влечеа, но кучињата не се мрдаа. Мораа да ги кренат затоа што не сакаа да се движат. Не сакаа да влезат таму. На нив не им беше гајле. Само се смееа и кикотеа затоа што кучињата не сакаат да се движат. За нив беше како да фрлаат ѓубре. Немаше, каење, ништо.“, вели Ен.

Двете кучиња Труман и Менди имале само неколку дена да најдат нови сопственици пред да бидат успиени. Двете кучиња биле во лоша состојба, а Менди имала и инфекција на окото.

Но благодарение на социјалните мрежи и љубителите на кучиња Труман и Менди добиле втора шанса.

Кристина Кабалеро која го посвоила Труман, само неколку часа пред да биде успиен изјавила дека кај кучето имало големи промени во расоложението веднаш штом пристигнале во новиот дом.

Менди ја посвоила Џеки Данкан и таа вели дека трауматизираното куче се ривикнува да живее во вистински топол дом.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено