Прочитајте ја приказната којашто следува и одговорете колку што е можно поспонтано и побрзо.
Постојат два соседни острова. На првиот живеат двајца луѓе: нецивилизиран дивјак и цивилизиран човек. На другиот остров живеат неколку луѓе, меѓу коишто една девојка која е вљубена и е во врска со цивилизираниот човек.
Девојката сака да појде до другиот остров и да се сретне со нејзиниот љубовник. Таа го прашува единствениот бродар на островот за цената за која би ја превезол таму. Бродарот ѝ вели дека не сака пари и дека ќе ја однесе на другиот остров ако се соблече гола во неговиот чамец.
Девојката е шокирана. Не знаејќи што да прави, таа оди кај мудрецот на нејзиниот остров за да побара совет. Тој ја слуша нејзината приказна со внимание и ѝ го дава следниот совет: „Прави како што ти вели срцето, дете мое.“ Така, девојката оди и го прифаќа предлогот на бродарот за да може да се сретне со својот сакан.
Тргнуваат кон другиот остров, но кога ќе пристигнат, дивјакот е на брегот и полудува од глетката на голата млада жена и ја силува. Во истиот момент цивилизираниот човек пристигнува на местото на настанот и гледа што се случува. Тој полудува и на девојката ѝ вели дека повеќе не ја сака и ѝ наредува веднаш да си замине.
Оценете ги ликовите во приказната со оценки од еден до пет:
Дивјакот | |
Цивилизираниот човек | |
Девојката | |
Бродарот | |
Мудрецот |
* * * * * * * * * * * *
* * * * * * * * * * * *
* * * * * * * * * * * *
* * * * * * * * * * * *
* * * * * * * * * * * *
* * * * * * * * * * * *
* * * * * * * * * * * *
Интерпретација:
Секоја личност од приказната претставува определен приоритет во вашиот живот:
Дивјакот – колку ви е важен сексот.
Цивилизираниот човек – колку ви е важно мислењето на другите.
Девојката – потребата за емоционална врска.
Бродарот – потребата за заработување на пари.
Мудрецот – колку се потпирате на логиката.