Дванаесет камили биле дисквалификувани од годишниот натпревар за убавина во Саудиска Арабија откако нивните сопственици користеле ботокс. Животните беа исфрлени од фестивалот на камилите на кралот Абдулазиз, кој се одржа во близина на Ријад, поради кршење на строгите правила на натпреварот за убавина.
Паричните награди за натпреварот на камили на 28-дневниот фестивал изнесуваа 57 милиони долари, па затоа „мотивацијата“ за победа е прилично голема. Минатата година бил издаден нов прирачник за учесниците на конкурсот за убавина во кој стоело: „Камилите кои ќе имаат препарати во усните, кое ќе се избричени, обоени или со било какви промени на природната форма ќе бидат дисквалификувани.“
Настрана од натпреварот за убавина има награди и за трки со камили, обука за послушност, уметност на средување на косата на камилите и најдобри фотографии од камили. Главниот судија на шоуто, Фавзан ал-Мади, изјави за Ројтерс: „Камилата е симбол на Саудиска Арабија. Ние порано ја користевме како потреба, сега ги чуваме како спомен од минатотот.“
Во последниве години саудиското кралско семејство го зголеми профилот на фестивалот на камили, бидејќи тие ги нагласуваат аспектите на традиционалната култура, а истовремено се залагаат за општествени реформи. Минатата година настанот беше преместен од далечна пустина до периферијата на главниот град. Во павилјонот има аукции каде што врвните камили може да достигнат милиони ријали.
Има продавници за храна и продавници за сувенири, зоолошка градина со највисоки и најниски камили во светот и музеј со живописни песочни скулптури од камили. На половина пат од овогодинешниот фестивал, присуството е околу една третина од минатата година, со околу 300.000 луѓе кои пристигнале на манифестацијата, а се очекуваат уште многу.