Нуркачите, од истражувачкиот експедитивен брод (РЕВ) Океан, тргнале да истражуваат потонат брод од Втората светска војна веднаш пред брегот на Орста во Норвешка. Тие биле збунети кога за прв пат забележале мистериозен меур што лебдел 17 метри под површината на морето.
Откако решиле да проверат од поблиску, нуркачот кој ја открил, Роналд Раш и Нилс Баденс заедно со нивната истражувачка група сфатиле дека станува збор за „матка“ полна со илјадници „бебиња лигњи“. Луѓето најчесто немаат можност да видат ваква глетка, затоа што обично се наоѓаат длабоко под морето. Потоа, тие продолжуваат да тонат пониско и пониско, сè додека не достигнат длабочина од околу 150 метри, каде што се изведуваат малите лигњи.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.