Двајца браќа од Индија отфрлени од соучениците поради нивните шилести заби и тенка коса конечно се прифатени во нивното далечно село.
Ашфак и Муштак Кан, на возраст од 11 и 8 години, некогаш се криеле зад ѕидовите во селото Мадја Прадеш за да избегаат од навредите и погледите на другите.
Храбрите браќа биле отфрлени од селаните затоа што тие не можеле да сфатат дека децата страдаат од ретка генетска болест хипохидротична ектодермална дисплазија, што ја намалува способноста за потење и предизвикува опаѓање на заби и разредена коса.
Сепак за браќата имало неочекуван пресврт, по интервенцијата на локална невладина организација која започнала кампања за подигнување на јавната свест за да му помогне на локалното население да ја разбере нивната состојба.
Фотографии покажуваат дека браќата се прифатени како дел од заедницата, бидејќи тие можат да се видат како се играат со други деца додека се освежуваат со ладна вода.
Тие не сакале да одат на училиште поради силеџиите. „Мене и брат ми не сметаат за духови на училиште. Нашите соученици не сакаат да се играат со нас и не нарекуваат со погрдни имиња. Ние не сакаме да продолжиме со нашето образование. Се чувствуваме понижувани во училиште.“, вели Ашфак.
Бидејќи родителите на момчињата се прилично сиромашни тие немаат доволно средства за да го платат нивното лекување. Бидејќи телесната температура кај момчињата се зголемува многу брзо, а семејството нема услови за клима уред, вентилатор или слично мораат да ги посипуваат со ладна вода на половина час.
Рави Гојал, директор на Шактишали Махила Сангфат Самити, добротворна организација која им помага на оние маргинализирани во индиските заедници, организирал кампања за подигнување на свеста кај жителите дека двете момчиња не страдаат од заразни болести.
„Организиравме два семинара за селаните со помош на наставници во училиштата. Ние им објаснивме за болеста и исто така дека ако селаните им помагаат на децата, тие би можеле да живеат нормален живот“, вели Рави.