2 часот попладне. Едно лице излегува пред зградата на едно од нашите министерства, вади цигара и почнува да пуши тивко. По кратко време излегува уште едно лице. И тој исто така без збор вади цигара и почнува да пуши.
Во еден момент, првиот се свртува кон вториот:
– Како е колега? И ти ли не можеш да заспиеш?