Тинејџерите беа внатре на другиот банкомат и чекаа жртвата да влезе и да го напише пинот. Потоа додека едниот му го одвлече вниманието на стариот, другиот успеа да повлече пари. За дедото да не види што се случува, цело време му држеа ливче хартија пред екранот. Дедото се обиде веднаш да стисне на копчето откажи, по што картичката веднаш излезе, а бидејќи криминалците му ја дадоа, тој помислил дека ништо не се случило. Дури после инцидентот кога се обидел да извади пари, банкоматот не му дозволил затоа што дневниот лимит му бил надминат. Инцидентот се случи во холандскиот град Ријнсбург.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено