Две момчиња оделе по улиците на Ланус, Аргентина, кога забележале нешто ужасно, куче прекриено со катран. Не се знае дали кутрето само паднало во катранот или било фрлено во него, но едно било сигурно, на кучето му требало веднаш помош за да може да преживее. Сличен ваков херојски чин беше забележан пред некој период.
Кучето било однесено во засолништето за животни Зооносис Ланус, каде што вработените започнале со 5-часовен процес на чистење на кучето од катранот.
„Купивме многу производи, гледавме туторијали на интернет и ги пробувавме сите производи за да ги видиме резултатите. Првин изгледаше невозможно за чистење, но тогаш употребивме нафта, искористивме скоро 5 литри нафта.“, вели волонтерката Миријам Ортеладо.
На кутрето му го дале името Петро, како петролеум. Ветеринарите биле загрижени за можно труење, затоа што катранот влегол во ушите, ноздрите па дури и цревата на кучето, но Петро бил силен и сега е сосема опоравен и го чека неговиот нов сопственик.