Триесетгодишниот Кевин Џоргесон и триесет и шестгодишниот Томи Калдвел ќе се искачат на најтешката планинарска рута во светот користејќи ги единствено своите раце и нозе.
Се искачуваат на Ел Капитан, 914-метарска гранитна грамадаа во Јосемитскиот национален парк во Калифорнија. На монолитот досега се имаат искачено многу луѓе, но тие одат по патеката Дон Вол, која од многумина се смета за најдолгата и најтешката патека за слободно качување.
Џоргесон и Калдвел се качуваат со јажиња, но тие служат единствено за да ги заштитат од паѓање, не и како помошно средство при качувањето. Острите камења на карпестиот ѕид им ги сечат прстите, поради што од време на време се одмораат неколку дена во нивните шатори кои висат стотици метри над земјата, додека да им закрепнат рацете.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.